На 22.12.2025 година се одржа годишната Валоризациона конференција „Од идеја до влијание“, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, посветена на резултатите, искуствата и влијанието на програмата Еразмус+.

На конференцијата, како и на панел-дискусијата, учествуваа директорката м-р Емилија Стефановска Давкова и Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и раководител од областа на развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Учество на вакви настани претставува значајна можност за размена на искуства, споделување добри практики и поврзување со партнери од образовниот и младинскиот сектор, со цел создавање поголемо и одржливо европско влијание.

Конференцијата испрати силна порака за важноста на соработката, инклузивноста и заедничката визија во креирањето квалитетни образовни политики и проекти.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook