НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, денес го одбележа 20 ноември – Светскиот ден на детето.
Денес нашата библиотека ja посетија учениците од прво одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола, со наставничката Македонка Илиевска Николовска кои се запознаа со сите сектори во библиотеката и нејзините магацини, а потоа разговаравме колку децата ги сакаат бајките, сакаат да ги читаат, да ги слушаат, да ги раскажуваат, драматизираат, илустрираат и да се идентификуваат со ликовите, да размислуваат за постапките и да носат заклучоци за правилните и погрешните постапки.
Светскиот ден на детето, има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата. Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високо ранлива општествена група која лесно може да биде изложена на злоупотреба, насилство и експлоатација.
Не смееме да заборавиме дека вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат, со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook