Кој на кого му е најдобар пријател? Зар е тоа важно?

Во дружбата со книгата сите уживаат.

Читањето книги е од особена важност за менталното здравје и развивање на мудри мисли. Зголемено ниво на емпатија, ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата, ги намалува анксиозноста и стресот, ја зголемува креативноста. Луѓето кои редовно читаат имаат подобар сон, пониско ниво на стрес, поголема самодоверба и пониско ниво на депресија отколку луѓето кои не читаат. Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст, со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.

Денес во нашата библиотека читавме книги на глас со учениците од петто одделение од ООУ „Тодор Ангелевски” и разговаравме за важноста и придобивките од гласното читање.

Преку содржините прочитани од книгата „Момчиња и девојчиња“, децата се запознаа со значењето на семејните вредности како основа за среќно детство, за меѓуврсничката емпатија и емпатијата кон луѓето воопшто.

Активноста ја завршивме со писмено креативно литературно изразување во кое опишуваа настани и случки од нивниот живот.

Од срце им се заблагодаруваме на наставничката Лидија Стерјов, а посебно на директорката на ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, Гордана Јоначиќ за несебичната соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook