Со мирисот на есента и шаренилото на лисјата, учениците од Подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ – Стрелиште, денес ја посетија нашата библиотеката – местото каде започнуваат најубавите приказни.

Во пријатна и топла атмосфера, децата имаа можност да разгледаат разни книги, да слушнат интересни приказни и да дознаат повеќе за светот на книгите и нивната магија.

Библиотекарката им раскажа како книгите патуваат од рафтовите до читателите и колку е важно да се негува љубовта кон читањето уште од најмала возраст.

Оваа авантура ни донесе многу нови спомени, нови приказни и уште една убава дружба во библиотеката, со книгата која е најверниот пријател на секое дете.

Голема благодарност до директорката и до одделенските наставнички при ООУ„Тодор Ангелевски“ – Стрелиште, за ова прекрасно другарување.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook