Во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, Националната Установа -Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола, денес свечено ја отворија изложбата на тема „Битолска меморија“, посветена на приказните на нашиот град.

Изложбата ја отворија директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова и претседателката на Македонското научно друштво во Битола, проф.

д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

Со свој говор се обрати и м-р Стефан Караџовски од Cultural Connection, член на МНД и координатор на проектот „Битолска меморија“.

Во заедничка соработка овие културни установи и организации на достоинствен начин не вратија во времето, преку книгите, списанијата и фотографии, денес Битола зборуваше. Присутните гости имаа можност да уживаат во фотографиите и пишаниот збор за нашиот град. Овој времеплов ја оживеа културата и убавини кои го прават овој град уникатен.

Секој љубител може да ја погледне изложбата во холот на нашата Библиотека до петок , а за сите останати ве носиме на една виртуелна прошетка. Се што треба да направите е да го скенирате QR кодот на фотографијата и да уживате.

Изложбата ја подготвија

м-р Стефан Караџовски од Cultural Connection, член на МНД

м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, член на МНД

м-р Милка Котевска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, член на МНД

Мирјана Јосифовска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Гордана Спирковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и

Македонка Василевска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Честит празник наша Битола!!!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook