Есенските денови го обоија нашиот град со топли бои, а денешното врнежливо време беше совршено во библиотеката да се отворат нови страници полни со приказни и мирис на хартија. Учениците од прво и второ одделение од ПОУ „Тодор Ангелевски” – Горно Оризари, Битола, денес ја посетија нашата Библиотеката и уживаа во светот на книгите – свет каде секоја приказна носи нова авантура, мудрост и радост.
Библиотекарките ги запозна со најинтересните тајни во библиотека, а децата со љубопитност им поставуваа прашања и откриваа нови светови.
Посетата беше вистински есенски празник на знаењето и љубовта кон читањето. Затоашто кога надвор врни дожд и паѓаат лисјата, ние во библиотеката ги собираме најубавите приказни и градиме непроценливи спомени!
Голема благодарност до наставничките Снежана Тасевска, Гордана Георгиевска, Мирјана Пупуноска и Виолета Хаџистојанова.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook