И оваа недела продолжуваме со низа активности посветени на месецот на книгата. Нашата библиотека денес ја развеселија учениците од второ одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со нивните наставнички Весна Ангелевска, Кети Јосифовска, Наташа Илиевска, Билјана Јовановска и Венета Јоноска.
Учениците при посетата се запознаат со тајните на библиотеката, ѕирнаа во секој нејзин оддел и да се запознаат со многу нови работи кои ги чува нашата библиотека.
Библиотека е царството на книги и во нив царува магија. Книгите пак преку приказните во нив ни помагаат да сонуваме со отворени очи.
Учениците денес можеа да сонуваат преку илустираната сликовница „Сонливата месечина“ од Новица Наков.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook