Во месец на книгата продолжуваме да другаруваме со книгите. Овој пат нашата библиотеката ја посетија учениците од 4-а одделение од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Битола, со својата наставничка Весна Јанкулоска.
Во оваа прилика тие реализираа обработка на лектирата: „Петар Пан”, со примена на различни техники и активности: опис на ликовите од книгата, нивна илустрација, избор и читање цитати и играње улоги. Со овие активности се реализирани поставените планирани стандарди за оценување за денешните часови по македонски јазик. Како главна цел на оваа активност е библиотеката да им се доближи на учениците како едно топло и пријатно катче кое почесто треба да се посетува и читањето книги да биде неразделен дел од нивното детство.
Вработени од библиотеката ги запознаа учениците со постапката на зачленување, изнајмување на книги и како да си го организираат времето за полесно и поефикасно читање.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook