По повод месецот на книгата – месец октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на ден 14.10.2025 година се одржавме работилница со читање на кои присуствуваа учениците три одделенија од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, со нивните наставничките: Виолета Момчиловска, Роза Георгиевска и Наташа Алабаковска Апчевска, а со нив работев јас како библиотекар, Јасминка Кочевска.

Учениците уживаа во посетата. Во оваа прилика тие имаа можност да ѕирнат во секој сектор од нашата библиотека и да видат колку е таа волшебна. Таа е место каде секој може да биде креативен и да другарува опкружен со книги. Тоа денес и го докажавме. Тие имаа можност да слушнат раскази од македонски писатели, кои ги анализиравме и разговаравме за сите нивни згоди и незгоди од секојдневниот живот.

Во текот на читањето со учениците имавме можност да разговараме на многу прашања во врска со книгата, со откривање на нови зборови со слични и различни значења кои ќе може да ги употребуваат во соодветен контекст. Потоа учениците имаа можност да изработат и нацртаат книги и да се забавуваат.
За крај извлековме заедничка поука дека „Книгите секогаш ќе останат во мода, а луѓето кои го следат тој тренд знаат дека секоја книга има посебна приказна која треба да биде прочитана“.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook