По повод месецот на книгата, во склоп со програмата по македонски јазик, учениците од VII ¹ одделение од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, ја посетија НУ Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола, каде учениците ја реализираа заедничката работилница на тема: “Недела на приказните”.
Преку видео презентации, презентација на хамер и драматизација на приказна, тие ги обработија своите омилени приказни.
Овој настан беше искористен учениците да го збогатат со повеќе информации своето знаење и да добијат бесплатна чланарина која е дел од кампањата на библиотеката.
Голема благодарност до наставничката по македонски јазик Катерина Николовска за оваа прекрасна активност.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook