Прва средба со Амбасадорите на читањето!
На ден 10.10.2025 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа првата средба со нашите амбасадори на читањето.
Учениците се запознаа со целите на иницијативата – поттикнување љубов кон книгата, развивање култура на читање и вклучување на младите во промоцијата на библиотеката.
Презентиравме делови од нашата нова активност „Амбасадори на читањето – Читај и препорачај“, при што учениците дознаа повеќе за нивната улога како промотори на читањето, за идеите како „Книга што зборува“, „Фото со книга“, „Книга vs. филм“, „Младите препорачуваат“ и други креативни активности
Како што може да се види од сликите, одговаравме и на интерактивни прашања преку QR код, споделувајќи идеи и очекувања од идните активности.
Искрена благодарност до основните училишта „Д-р Трифун Пановски“, „Даме Груев“, „Стив Наумов“, како и до средните училишта Гимназија „Јосип Броз – Тито“ и „Ѓорги Наумов“ за поддршката и учеството.
За сите останати основни и средни училишта – вратите остануваат отворени!
Ве покануваме да се вклучите во оваа инспиративна активност и да бидете дел од тимот на младите амбасадори кои го шират духот на читањето.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook