По повод 11 Октомври- Ден на народното востание во нашата установа се организира изложба под наслов „Непокор и слобода“, посветена на храброста, решителноста и борбата на македонскиот народ за слобода и достоинство.

Преку пишаните документи (книги и весници), изложбата потсетува на историскиот момент од 1941 година, кога започна организираната борба против фашизмот — чин на непокор и верба во подобра иднина.

Непокор и слобода – вечна инспирација за идните генерации.

Секое дело, секоја слика, секој документ зборува за народ кој не прифати тишина,

туку избра непокор, за да ја создаде својата слобода.

Да не заборавиме – слободата живее кога ја чуваме со срце.

Изложбата ја подготвија:

м-р Милка Котевска, виш библиотекар

м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, виш библиотекар

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook