Неделата на забранетите книги ја завршуваме со една прекрасна креативна активност со учениците од 7 одделение од ООУ „ Елпида Карамнади“- Битола кои заедно со нивната наставничка по македонски јазик Маја Јанакиевска беа наши мали детективи.

Учениците имаа можност да истажуваат на темата „Забранети книги“, откривајќи зошто некои од најпознатите литературни дела низ историјата биле цензурирани или тргнати од полициите.

Преку интернет-истражување тие дознаа дека зад секоја забрана стои различна приказна – политичка, општествена или културна – но секоја од нив ја потврдува истата вистина:

Книгите се моќен глас на слободата и мислата.

Учениците ги претставија своите резултати од истражувањето и со заедничка констатација дека ниедна идеја не треба да биде „забранета“. Овој метод имаше за цел да поттикне љубопитност, размислување, и разбирање за моќта на книгите.

Во Неделата на забранети книги, се потсетуваме дека читањето е чин на храброст — а секоја книга е прозорец кон слободата.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook