Можностите за остварување на целите бараат вложување на труд.

Животот не е само стремеж кон остварување на посакуваната цел туку е и предизвик со сите негови составни делови. Можностите за постигнување нешто не доаѓаат сами по себе, туку е потребно да се избориме и да ги создадеме.

Проектот „Работилници за деца со попреченост“ продолжи и во ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, со цел учениците да стекнат различни знаења и вештини кои ќе им помогнат сигурно да чекорат по патеката на животот.

За да ја развиваме, стимулираме нивната моторика, логичкото размислување, љубопитноста, задржување на вниманието, учењето на нови поими, организиравме истражувачка работилница на тема: „Есента е златна кралица – дели дарови без „граница“, преку методи на демонстрација, покажување, илустрација, набљудување и обликување на материјали со глина и пластелин на овошките кои ги нуди есента. Учениците учеа да ги препознаваат плодовите (овошје и зеленчук од пластифицирани материјали), да ги илустрираат истите и од нив создаваа „компоти“ и „супи“, и ги обликуваа истите овошја од пластелин.

Покрај овие активности, учениците научија многу нови поими, го зголемија вниманието за поуспешно извршување на задачите, како и за препознавање на годишните времиња (есен) и карактеристиките што ги носи ова време од годината.

На учениците им подаривме и дидактички материјал за да им го олесниме нивното учење.

Голема благодарност до дефектологот Александра Христов и до директорката Биљана Темелкова.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook