Во текот на оваа недела, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се приклучува кон одбележувањето на Неделата на забранети книги, со цел да ја истакне важноста на слободата на читање и правото на пристап до информации.

Под мотото „Слободата да се чита е слобода да се мисли“, библиотеката организира мала изложба на книги кои низ историјата биле оспорувани, забранувани или цензурирани, но денес се сметаат за вредни класици на светската книжевност.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со насловите како „1984“ од Џорџ Орвел, „Да го убиеш подбивникот“ од Харпер Ли, и многу други книги кои предизвикале бурни реакции низ годините.

Ве покануваме да ја посетите нашата изложба и да размислиме заедно – зошто некои книги се забрануваат, а зошто токму тие најмногу нè учат да размислуваме критички.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook