На 10.9.2025 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на сликовниците „Другарко“ и „Другарка, Другарко и двете маченца“, автор: Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Наташа Костовска, во издание на „Прозарт медиа“.
Со искрена радост ја споделуваме атмосферата исполнета со песни, танц, рецитал и изложба, во кои активно учествуваа:
Лука Ристановски – „Среќа набери“
Вероника Кочов (Ателје “Adam`s art“) и Карате клуб „Заншин До“
Јована Ристановска – „Прекрасен свет“
Тамара Шерденков – „Нашето училиште“
Кловнот Заги и неговиот најдобар другар Јусуф од ОУРЦ „Кочо Рацин“ со рецитал „Станица на радоста“ и песната „Кирилица“
Танцов спортски клуб „Спортакус“
Ви благодариме на сите учесници и посетители што ја исполнија салата со насмевки и љубов. Ова беше навистина една инклузивна вечер исполнета со другарство и добрина.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook