Со оглед на тоа што Кемниц e прогласен за европска претстолнина на културата за 2025 година, а во склоп на проектот од меѓународна соработка одобрен од Министерство за култура и туризам, со наслов „Меѓународна соработка со Универзитетската библиотеката во Кемниц, Р. Германија“ беше остварена посета во периодот од 23.08.2025-27.08.2025 година. На средбата беа присутни Милена Трајчевска, Смиља Најденова и Јулијана Христовска Кулевска и директорот на Универзитетската библиотека од Кемниц, каде беше презентиран видео запис од нашата библиотека, нашите изданија и македонското творештво, а директорот ни ја презентира нивната и сподели искуства за нивниот начин на работа.

Зградата на библиотеката во текот на годините била индустриско место, односно фабрика, која по затворањето од 2015 – 2020 година е целосно реновирана и пренаменета во библиотека. Библиотеката се протега на 4 катови и е библиотека од отворен тип. Располага со најсовремена технологија за работа со библиотечен материјал, има најсовремена ИТ опрема и оддел кога библиотеката е затворена корисници да можат да ги вратат книгите. Вкупниот број на книжниот фонд изнесува 1.200.000 книги, од кои 650.000 книги се дигитализирани, а во тек е дигитализација и на останатите. Во библиотеката нема детски оддел, односно не располага со детска литература.

Универзитетската библиотека е тесно поврзана со Универзитетот и факултетите во Кемниц, и најголемиот дел од фондот е стручна литература за потребите на студентите. Во архивскиот оддел се почитуваат условите за чување на раритетни книги, односно влажноста, светлината и температурата на воздухот се по стандардите за чување на истите. Во библиотеката како најстара и раритетна книга е Библијата од 1811 година, подарок од приватен колекционер и репродукција на најголемата книга за мапи во светот која се наоѓа во библиотеката во Берлин.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook