По повод претстојниот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, во холот на Библиотеката е поставена изложба со дела посветени на двата историски настани што ја обликуваа македонската државност – Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ (1944).

Преку фотографии, книги и други публикации, изложбата нè потсетува на борбата, пожртвуваноста и идеалите на македонскиот народ за слобода, достоинство и сопствена држава.

2 август 1903 и 2 август 1944 се симболи на вековната борба за слобода и самоопределување.

Вечна слава на сите херои кои придонесоа за овие историски пресвртници – благодарение на нив, денес живееме во своја, независна и слободна држава!

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook