Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола донираше 115 книги за КПУ Затвор – Битола во организација на директорот Александар Јовковски.
Директорката Стефановска-Давкова рече: „Со оваа донација ние испраќаме искрена поддршка и порака на надеж, бидејќи книгата не е само извор на знаење и култура туку таа е и алатка за промена, за личен раст, развој и за нови почетоци. Ова е само мал чекор за процесот на ресоцијализација, но овие книги ќе донесат светлина и инспирација таму каде што најмногу е потребно.“
Веруваме дека читањето има моќ да го отвори умот, да ја смири душата и да ги поттикне луѓето на размислување, да помогне во градењето на самодоверба, критичко мислење и нови перспективи за иднината.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook