Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со нивната наставничка Весна Аврамовска Димитровска, ја прочитаа и обработија безвременската приказна „Петар Пан“ во инспиративниот амбиент на нашата библиотека – НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
За време на средбата, учениците разговараа за темите на детството, фантазијата и одговорноста, споделувајќи свои размислувања и впечатоци од ликот на Петар Пан и неговите авантури во Неверленд.
Задоволство ни е што библиотеката сè почесто станува место за креативна едукација и поттикнување љубов кон читањето. Ги охрабруваме сите училишта да ја користат нашата библиотека како простор за учење, истражување и инспирација.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook