Денешниот ден го посветивме на дружење со децата од Едукативниот центар „Smart Head“, кои заедно со своите наставнички Ирена Цветкова, Марина Каранфиловска и Милица Јанкуловска, како дел од нивните летни авантури, зачекорија во нашето царство на книгите.
Овој претопол летен ден го поминавме во пријатната атмосфера на нашата читална, уживајќи во креативно творење и измислувајќи мали, магични светови со детска имагинација.
Книгата „101 приказна за волшепства и авантури“ беше нивниот водич низ светот на фантазијата, раскажувајќи им приказни од различни делови на светот. Преку овие приказни, децата не само што ја почувствуваа магијата на фантазијата, туку и се запознаа со културите и државите од кои тие авантури потекнуваат.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook