ДНЕВНА СОБА, 4-5 јуни 2025

Меѓународната конференција на библиотекарите во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, е резултат на стекнатите знаења од учества на конференции и работни средби со библиотекарите од државата и од странство.
Организаторите беа свесни за предизвикот, но исто така врз основа на своите професионални компетенции веруваа дека токму овој вид на меѓународни собири на библиотекарите од регионот се патот кон соработка и споделување на позитивните практики од тековното работење.
Покрај професионалните обврски, тоа е можност за стекнување на пријатели и истомисленици, можност за раѓање на новите идеи и проекти.
По пример на светските трендови во библиотечното работење, Дневна соба беше идеален простор за неформални средби на библиотекарите, размена на стручната литература, разговори поврзани со најновите проекти, но уште повеќе можност да се развијат нови професионални и лични пријателства.
Директорите од Мостар, Зворник и Лазаревац, заедно со нивните колеги од Нови Сад, Београд, Грачаница и Херцег Нови имаа прилика да се запознаат со библиотекарите од нашата држава, со нивните успешни приказни и меѓусебно да ги разменат контакти.
Дводневната Конференција помина во исклучително позитивна атмосфера, со заеднички дружења во слободното време, посети на старата битолска чаршија, посета на Музеј и кафе на Широк Сокак. Дел од учесниците организирано заминаа Охрид, каде што ја посетија НУБ „Григор Прличев“ – Охрид и имаа прилика да ги видат знаменитостите на Охрид. Преполни со позитивни чувства заминаа кон своите држави и со ветување дека ќе учествуваат и на следната Конференција.
Организационен одбор на Конференцијата

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook