Со голема радост ги споделуваме моментите од нашиот прв натпревар „80 години љубов кон книгите и јазиците – English Spelling Bee 2025“, кој се одржа на 29.05.2025, во организација на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и училиштето Rosetta Stone , по повод 80-годишнината од основањето на библиотеката.
Учениците нè воодушевија не само со своето знаење, туку и со огромната желба за учење и самодоверба во спелувањето. Поради големиот број на успешни спелувачи, немавме можност да ги прогласиме победниците во еден ден.
Финалето ќе се одржи во четврток, 5 јуни, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, со следниот распоред:
Ученици од 5-то до 9-то одделение: 15:30 – 17:00 часот
Ученици од 3-то и 4-то одделение: 17:00 – 18:30 часот
На финалето ќе ги дознаеме победниците и ќе ги доделиме наградите.
Искрена благодарност до сите фирми и приватни лица кои несебично придонесоа со симболични награди за нашите ученици. Вашата поддршка му даде посебна вредност на овој едукативен и инспиративен настан!
Поддржувачи на натпреварот „80 години љубов кон книгите и јазиците – English Spelling Bee 2025“:
Книжарниците и фотокопир Книжарница Урбаниум, Fotokopir Pink, Skript Skript и Бабук – Babuk
Рестораните Vino Bar Bure и Ресторан Вила Горна Куќа
Пекара Ванила, како и неколку родители и пријатели кои донираа и парични награди за наградените ученици.
Очекувајте уште фотографии од финалниот дел на натпреварот!
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!
Тимот на Rosetta Stone и НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook