Во Националната установа-Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, на ден 25.04.2025 година, се одржа 24 Општински натпревар „Млади Библиотекари“.

На овој натпревар учество зедоа ученици од 7 основни училишта и 1 ученик од основното училиште во општина Могила.

Комисијата составена од 4 члена после прегледаните тестови ги соопшти следниве резултати:

Прво место на овој натпревар освои ученичката Теодора Гацовска од ООУ „Коле Канински“ – Битола, под менторство на наставничката Симона Стаменковиќ-Силјановска.

Наградите им ги додели директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска – Давкова.

Според постигнатиот резултат и најмногу освоени поени на Општински натпревар „Млади библиотекари“ – Битола, ученичката Теодора Гацовска која ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во библиотеката НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на 9 мај во 12 часот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook