По повод 65 годишнината од основањето на Македонското научно друштво, на свечената академија организирана по овај значаен јубилеј, директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова доби плакета во име на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, како признание за посебниот придонес во развојот на науката и културата, за успешната и плодна соработка со Македонското научно друштво.

Плакетата ѝ ја врачи претседателката на МНД, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, како признание за долгогодишната поддршка, професионализмот и ангажираноста на м-р Стефановска-Давкова во заедничките проекти и активности.

Ова признание претставува потврда за значајната улога на Универзитетската библиотека како партнер во научно-истражувачките процеси и за нејзината посветеност во промовирањето на знаењето и културата.

Честитки до директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова и за добиената благодарница за нејзиниот континуиран придонес во унапредувањето на соработката меѓу институциите од областа на културата и науката!

НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола останува цврсто определена кон интензивирање на партнерството со Македонското научно друштво, со цел уште поголема афирмација на научните достигнувања, културното наследство и уметничките вредности на Битола, во нашата држава и пошироко!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook