На 16 април во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се прикажа прекрасен перформанс на учениците од второ, осмо и деветто одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, кои пред присутните гости ја драматизираа бајката „Ѓаволот со трите златни влакна“.
На настанот се обратија директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска- Давкова која пред присутните ја потенцираше важноста децата да се дружат со книгите и своето време да го поминуваат во библиотека и директорката на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Жанета Тошевска која се заблагодари за целокупната досегашна соработка со библиотеката и посака уште многу заеднички настани.
Пред преполната сала, родителите и останатите гости можеа да уживаат во две музички точки „Си бил еден крал“ и „Во светот на бајките“ во изведба на учениците од второ одделение и да уживаат во перформансот на учениците во изведба на бајката.
Целта на овие активности е децата на забавен начин да се дружат со книгите, да читаат, да поминуваат време во библиотека, да другаруваат а што помалку време да се изолирани и со мобилните во рака.
Голема благодарност до двете наставнички Александра Упале и Мелина Христова кои го подготвија овој перформанс овозможувајќи им на децата еден поинаков волшебен свет, светот на книгите.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook