По повод одбележувањето на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја и Светскиот ден на книгата, 23 април, денес одржавме активности со учениците во ООУ „Стив Наумов“ каде разговаравме за значењето на книгата и како да се стане зависен од читањето со цел да научат нови зборови, нови мисли и да продолжат понатаму – да откриваат дека читањето само по себе е пријатно. А втората е да научат нешто ново. Наједноставниот начин да се осигураме дека ќе воспитуваме и одгледуваме писмени деца е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето е пријатна активност. Тоа значи да пронајдат книги во кои ќе уживаат, да им дадеме пристап до тие книги и да им дозволиме да читаат и да откриваат нови светови, ликови и настани.
Преку денешното читање на книги откривме дека и еколошките проблеми на нашата планета се многу поголеми отколку пред 41 година кога е започнато одбележувањето на овој ден. Доколку човекот не обрне доволно внимание на зачувувањето и заштитата на животната средина и одрливиот развој, доколку продолжи со неодговорното однесување, ќе дојде во ситуација да се затрупа и загуши во сопственото ѓубре. Од една страна се поголеми количини на отпад во животната средина а од друга страна нерационалното користење на природните ресурси, се закана за човечкиот род и негово самоуништување. Токму затоа Денот на планетата Земја се посветува на следниве активности:
· создавање на услови за одржлив развој
· зачувување на биолошката разновидност
· штедливо користење на природните ресурси
· користење на обновливи извори на енергија
· правилно складирање на отпадот и користење на секундарните суровини со рециклирање
· активна борба против сите фактори кои имаат штетно влијание на климатските промени.
Од оваа активност заклучивме дека наједноставниот начин да се осигураме дека ќе воспитуваме и одгледуваме писмени деца е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето е пријатна активност. Тоа значи да пронајдат книги во кои ќе уживаат, да им дадеме пристап до тие книги и да им дозволиме да читаат.
Активноста ја реализира и текстот го подготви Јасминка Кочевска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook