Денешниот ден започна весело, забавно, интересно и креативно со децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ на кои преку читањето на бајки им ја доловивме безграничната магија која во себе ја носат истите, ја разбудивме нивната фантазија како основ за правилен мислечки и креативен процес.
Читањето е од големо значење за развојот на детето. Бајките и лекцијата од бајките може да влијаат врз различни аспекти од животот на детето – од емоционален и морален развој до развој на имагинацијата и вокабуларот. Важно е да избереме бајки кои се соодветни за одредена возраст.
Децата со големо внимание ги слушаа овие бајки, уживаа во нивното прераскажување, извлекување на пораки и идентификација со омилените ликови и моменти. Една од пораките беше дека „Сите одат во библиотека! Секој може да биде член од најмали до најголеми“. Покрај прекрасната дружба, најмладите добија подарок, неколку примероци од книгата „Сјајни ѕвезди“ производ од Еразмус+ проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once Upon a Time… and Now“ со надеж дека ќе ја поттикнеме навиката за читање и повеќе ја разбудивме нивната фантазија.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook