Денеска го одбележавме Светскиот ден на литературата заедно со децата од градинката „Пролет“- Битола.. Ова беше прекрасна можност да ги запознаеме најмладите со убавината на раскажувањето и волшебниот свет на книгите.

Имавме можност да прочитаме две прекрасни приказни – едната од книгата Сјајни ѕвезди, а другата беше познатата класична приказна Грдото пајче од Ханс Кристијан Андерсен. Децата со големо внимание ги слушаа приказните, уживаа во нивните пораки и активно учествуваа во разговорите за нивните омилени ликови и моменти.

Покрај дружењето и споделувањето на приказните, најмладите добија и мал подарок – неколку примероци од книгата „Сјајни ѕвезди“ производ од Еразмус+ проектот „ Sasas Jekhvar Jekh – Once Upon a Time … and Now“ со надеж дека ќе продолжат да читаат и да ја откриваат магијата на литературата.

Денот беше исполнет со радост, смеа и љубопитност, а љубовта кон книгите и раскажувањето уште еднаш ја покажа својата моќ да ги поврзе луѓето, без разлика на возраста.

Светскиот ден на литературата – 2 април

Инаку Светскиот ден на литературата се одбележува секоја година на 2 април, во чест на роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, еден од најпознатите писатели на детски приказни. Овој ден е посветен на промоција на читањето, литературата и детските книги, поттикнувајќи ја љубовта кон книгите уште од најмала возраст.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB facebook