Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето.

25 март (вторник)

Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во 12:00 часот.

26 март (среда)

Доделување на награди во 12:00 часот, во знак на признание за:

најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни,

роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени.

Промоција на книгата „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од авторот Игор Трајковски – Фоја, во просториите на Библиотеката, со почеток во 18:00 часот.

27-ти март (четврток)

Поетскиот настан „Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата, кој требаше да се одржи во Читалната „Горан Стефановски“, со почеток во 18:00 часот, во соработка со Македонското научно друштво

Промоција на книгата „Факсимили на роднокрајни автори“, членови на ДПМ, и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читалната „Горан Стефановски“

И свечената академија на 28-ми март 2025 година (петок) во Офицерски дом-КИЦ во 19:00 ч.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook