НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, продолжува со реализацијата на Спогодбата за изведување на практична настава за студентите од Бизнис академијата Смилевски – БАС.

Студентките Ангела Петровска и Евгенија Манчевска, втора година на БАС, ќе имаат можност да стекнат практични вештини и работно искуство во рамките на библиотеката. Ова искуство ќе ја зголеми нивната конкурентност на пазарот на трудот и ќе им помогне подобро да се запознаат со процесите на работа и развој во библиотекарството.

Топло добредојде им посакаа директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, и м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководителка на Одделот за развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Со овој чекор, Библиотеката продолжува да ја поддржува едукацијата и професионалниот развој на младите кадри, поттикнувајќи ги кон успешна иднина во областа на библиотекарството.

Facebook post линк: NUUB Facebook