По повод 21 февруари Меѓунарoдниот ден на мајчиниот јазик, во холот на Библиотеката е поставена изложба на литература како на македонски јазик така и на повеќе светски јазици.
Овој ден е прогласен за меѓународен ден на мајчиниот јазик на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година, а 21 февруари е ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 година овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
За жал се повеќе јазици во светот изумираат а статистичките податоци покажуваат дека во последните три века веќе има изумирање или драматично намалување на јазиците.
Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.
Се цел да го зачуваме мајчиниот јазик на секој поединец, Библиотека и оваа година постави изложба со книги на најразлични јазици. Богатиот фонд на книги е достапен за сите членови на нашата библиотека.
Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook