На 18 февруари 1945 година, Президиумот на АСНОМ донесува одлука за издавање на службено гласило на македонската држава – „Службен весник“.

Првиот број бил издаден по повод прославувањето на 25-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, на 18 февруари 1970 година во Скопје.

Одлуката за негово издавање ја донело Собранието на тогашна СР Македонија, а при подготовката редакциската група утврдила дека не се објавени актите и од Третото заседание на АСНОМ, па било одлучено и тие да се вклучат во ова издание.

Овие весници нашата библиотека ги чува, како времеплов низ историјата и настаните испишани низ периодичните материјали. Истите се достапни во одделот Периодика на нашата библиотека, за сите истражувачи и љубители на историјата кои сакаат да ѕирнат во минатото.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook