Во холот на Библиотеката е поставена изложба по повод 14 февруари – денот посветен на виното и љубовта. Постаментите се рачно изработени од учениците од СОУ „Таки Даскало“ – графичка струка, кои со својата креативност внесоа посебна магија во оваа прослава.

Голема благодарност до професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева, Снежана Паскова и Валентина Ристеска кои со посветеност и инспирација ги насочуваат учениците кон идеја и креативност, докажувајќи дека секое дете е талентирано – потребно е само да биде мотивирано.

Нека срцата им бидат секогаш исполнети со љубов и страст кон уметноста, исто како што доброто вино со текот на времето станува сè повредно. А вам, драги читатели, ви посакуваме љубов во срцето и убави моменти споделени со блиските.

Изложбата може да ја погледнете секој работен ден до 19.02.2025 година

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook