Одбележан 11 февруари – Светскиот ден на жените во науката

Денес, директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова, учествуваше на настанот организиран од Македонското научно друштво – Битола по повод 11 февруари – Светскиот ден на жените во науката.

Настанот собра голем број членови на МНД, како и поранешни претседатели на друштвото. Во рамките на дебатата се разговараше за улогата на жените во науката низ историјата и нивниот значаен придонес кон општествените промени. Презентираните податоци покажаа дека во моментов жените во науката во нашата земја се застапени со приближно 50%, во зависност од научната област во која работат. Како позитивен пример со голем број жени во науката се истакнува и Битолскиот универзитет, бидејќи моментално 60 % од наставниот кадар на универзитетот се жени.

Директорката Стефановска Давкова, на крајот од настанот, ги покани присутните да ја посетат изложбата поставена во холот на библиотеката, посветена на овој значаен ден.

Библиотеката, со своите богати ресурси, претставува важен извор за истражувачка работа на сите заинтересирани млади научници, нудејќи голем фонд на книги и периодични изданија.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook