Денеска во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола се одржа предавање на тема „Зошто е важна кодификацијата на македонскиот литературен јазик?“
Јазикот е едно од најсилните обележја на еден народ. Тој не е само средство за комуникација, туку и темел на културниот и националниот идентитет. За македонскиот народ, кодификацијата на литературниот јазик претставува значаен момент што ја зацврсти неговата самобитност и овозможи негово официјално користење и развој. Пред овој процес, македонскиот јазик долго време бил подложен на притисоци, негирања и ограничувања.
Со неговото стандардизирање, конечно се отвори пат за негова широка употреба во образованието, литературата, науката и сите сфери на општествениот живот. Ова овозможи создавање на официјална азбука, правопис и граматички норми, кои станаа основа за неговото понатамошно унапредување. Благодарение на кодификацијата, македонскиот јазик доби цврста основа за развој на книжевноста и културата, за неговата афирмација на национално и меѓународно ниво. Овој процес беше клучен за зачувување на македонскиот национален идентитет, бидејќи јазикот не само што ја одразува историјата на еден народ, туку и ја гради неговата иднина. Нашата одговорност е да го негуваме, унапредуваме и зачуваме јазикот, бидејќи преку него се одразува нашиот културен континуитет и идентитет.
Голема благодарност до проф. Јасминка Прелевиќ и до директорката на училиштето Биљана Јанкуловска за поддршката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook