Денес, директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова им подели енциклопедии и ваучери за бесплатно членство во нашата Библиотека на учениците Емрулах Емруловски, Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, како признание за нивната хуманост.
Хуманоста е вкоренета во животот на детето преку лични искуства и примерот на возрасните. Овие ученици покажаа вистинска добрина кога на улица му пружија помош на беспомошно лице. Овој чин на сочувство е потврда за вредностите кои се учат и негуваат во нашето општество. Нивниот пример ни покажува дека малите дела на добрина можат да имаат големо влијание на заедницата.
Се заблагодаруваме и на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола за насоките и поддршката кои им ја дадоа на децата, помагајќи им да знаат како да постапат во такви ситуации.
Учиме од најмладите! Нивната хуманост не познава граници!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook