Во Македонија денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
По тој повод во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на мајка Султана и татко Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.
Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас” во Скопје.
Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook