По повод 26 Јануари – Светски ден за едукација за заштита на животната средина, реализирана беше работилница со учениците од Приватно средно стручно училиште „Саба“.
На оваа работилница се разговараше за 17 цели за одржлив развој од Агендата 2030 на ОН и како библиотеката заедно со заедницата може да придонесе во подобрување на условите во кои живееме.
Практичниот дел од активноста ја насочивме кон изработка на видеа, чија цел е зголемување на свеста на младите кон зачувување на животната средина и важноста од едукација на оваа тема.
Овие видеа носат моќна порака, а ќе бидат презентирани во Библиотеката на 27.01.2025 година
Целта на Агендата 2030 е „Никој да не биде изоставен“ т.е. сите заедно да направиме видливи промени за подобро утре. Едукацијата е клучна во постигнување на промените.
Преку овие настани и работилници Библиотеката им дава можност на учениците да ја претворат својата креативност и желба за заштита на животната средина во моќна порака за сите.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook