НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, го одбележа 26 јануари – Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина. Во оваа активност беа вклучени учениците од прва до четврта година од ПСУ „САБА“ под менторство на професорката Бисера Бијелиќ Стојчевска и ученици од ООУ „д-р Трифун Пановски“ од Битола под менторство на наставничката Николина Врчовска.
Целта на оваа работилница беше да се едуцираме за штетните влијанија на глобално ниво, но и преку еко репортажа од учениците да се запознаеме со сериозноста на загадувањето во градовите од каде што ни доаѓаат, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Вашерејца. Овие млади еко репортери изработија прекрасни видеа со кои ги претставија моменталните проблеми и понудија решенија за подобра животна средина.
Накратко за крај присутните ученици имаа можност да се запознаат со улогата на библиотека во спроведување на Целите за одржлив развој и преку интерактивна работилница успеаја да ги препознаат Целите за одржлив развој кои беа спроведени преку оваа активност.
Овој вид на едукација има за цел да ги поттикне младите да бидат креативни, а воедно да бидат и гласни говорници за промени кон подобра среди за живеење.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook