На ден 9 ноември 2024 година, со почеток во 12:00 часот, во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола ќе имаме чест да го угостиме проф. д-р. Зоран Крстевски, кој ќе сподели методи и техники за полесно справување со стресот, анксиозноста, траумите и животните кризи.
Проф. Крстевски ќе се фокусира на градење на позитивни вредности и мотивирачки техники кои помагаат во:
– Поттикнување на самодовербата и личниот развој
– Идентификација и искористување на индивидуалните потенцијали
– Креативно дејствување
– Изградба на посреќен и поисполнет живот
Ова е можност да научиме како да се соочиме со секојдневните предизвици и да го подобриме квалитетот на нашиот живот. Преку неговото предавање, ќе имате можност да се запознаете со практични алатки за подобра емоционална благосостојба и зајакнување на психичката стабилност.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан и да добиете инспирација за личен раст и позитивна трансформација!