Во рамките на напорите на НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола да стане активен чинител во подигање на квалитетот на студирањето како членка на Универзитетот во Битола, библиотеката веќе четири години го организира собирот на факултетските библиотекари.

Собирот е одржан на 15.10 во присуство на библиотекари од факултетските библиотеки и библиотекари од нашата библиотека кои зедоа активно учество.

Библиотекарите имаа прилика да се запознаат со практични и актуелни знаења од областа на библиотечното работење, кои понатаму можат да ги имплементираат во своите библиотеки.

Во претходните години е донесена и Стратегија за развој на факултетските библиотеки, која е доставена до Универзитетот со цел да се подобри квалитетот во нивната работа.

Направени се и чекори кон автоматизација на библиотечното работење на Универзитетот преку работна средба и презентација на COBISS во Ректоратот.

Оваа година преку две предавања на м-р Јелена Петровска и Ирена Колевска учесниците можеа да се запознаат со историјата и концептите на доживотното учење и активности кои ги подржуваат овие програми.

Беше отворена и тема за професионализација на библиотечната струка поради фактот дека факултетските библиотекари не се препознаени во библиотечното работење во државата, преку предавање за аплицирање за стручни звања.

Проектот е сите години поддржан од Министерство за култура на РС Македонија.

15.10 2024

М-р Јелена Петровска, програмски раководител

Ирена Колевска, библиотекар

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook