Денес библиотеката ја посетија учениците од втора година графичка струка, профил графички техничар и графички уредник-дизајнер, под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска-Маурдева. Посетата на библиотеката е во рамки на наставата по графичките стручни предмети Книговрзување, Преработка на хартија и Техничко уредување на публикации, кои учениците ги изучуваат во оваа учебна година. Во склоп на библиотеката е и одделот за Заштита и репрографија на книгата, во кој учениците можеа да видат практични примери за заштита на книгите, алатите што се користат во библиотеката за книговрзување на оштетени книги од библиотекар помошник Јулијана Христовска Кулевска.

Исто така оваа прилика ја искористија да се запознаат и со останатите одделите на библиотеката: музејската поставка во која учениците имаа можност да ги видат машините кои биле користени во минатото за печатење, периодиката и дробниот печат, а во магацините се запознаа и со разни облици на книги и начинот на нивно подредување, како и со читалните и дневната соба.

Оваа посета беше само прва во низата работилници кои во иднина се планирани во кои овие ученици ќе можат да бидат креативни, да ја развиваат визуелната култура и чувство за естетика и да го применат своето знаење од графичарството во практиката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook