НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола заедно со учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола и учениците од трето одделение од ООУ „Даме Груев“-Битола реализираа работилница по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик и Светскиот ден на мирот кои се одбележуваат во месец септември.

Преку прекрасна драматизација на знаковен јазик на тема „ Мир во светот да царува, секој со секога да другарува!“ учениците од двете училишта испратија силна порака за мир во светот, покажувајќи големо другарство и инклузија.

Сите ученици напишаа пораки за мир, другарство и среќа и истите ги залепија на хамерот за пораки и желби, кој покажува единство, мир и другарство за безгрижно детство.

За крај овие прекрасни дечиња ги испративме со подарок книга, бидејќи КНИГИТЕ се најмоќните оружја на светот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook