Горди сме што бевме дел од меѓународниот форум „Размена на идеи за добри практики“ во Струмица!

Нашите вработени м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, библиотекар презентираа труд на тема „Награди и признанија кои ги доделува НУУБ Св. Климент Охридски – Битола“. Овој труд ги истакнува важните достигнувања и признанија што нашата библиотека ги доделува како дел од нашата мисија за промоција на културата и образованието.

Наградите се симбол на нашата посветеност кон поттикнување љубов кон книгите, знаењето и креативноста. Ова учество ни овозможи да размениме искуства и добри практики со професионалци од различни земји, со што продолжуваме да го унапредуваме културното богатство на Македонија.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook