Почитувани корисници и драги читатели,
Со задоволство ве известуваме дека процесот на ревизија на библиотечниот материјал од Детскиот оддел на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, е успешно завршен. Од утре, 18 септември 2024 година, повторно можете да позајмувате книги од Детскиот оддел.
Ви благодариме за вашето разбирање и соработка за време на ревизијата. Очекуваме да се вратите и да уживате во нашите книги!
Вашата библиотека