СЕ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА УКРАСНИ РАСТЕНИЈА!

Драги наши пријатели, Ве покануваме да бидете дел од „Цветната приказна“ за поубава Битола.

Во рамките на настаните поврзани со развој на мрежа на хортикултурни библиотеки во нашата држава, во Дневната соба на библиотеката, во вторник ќе одржиме промоција на книги и дружење со еминентниот автор Драган Р. Сајиќ од (Р.Србија).

Авторот е пасиониран љубител на убавото, така што долгогодишната работа со растенијата резултира со формирање на Градинарски центар „Биосан“ – www.biosan.rs, за потоа да реализира и многу други проекти поврзани со хортикултурата.

Автор е на серијата „Градинарство“ на YouTube (практични придонеси кои го популаризираат и зачувуваат зеленилото), на првиот портал за работа со билки (1997) www.garden.rs и основач на Интернет клуб ( http://internet.org.rs).

Во својата прва книга „Цветен поздрав“ на практичен начин ве запознава со светот на цвекињата и дава совети за нивното одгледување, додека во втората книга „Мојот двор“ ви нуди еден од можните начини да живеете во хармонија со растенијата во вашата непосредна околина, користејќи при тоа директен стил на разговор што ви дава чувство дека разговарате со пријател, во сенката на вашето омилено дрво.

Дневна соба, 3.9.2024, (вторник) – 18 часот

Facebook post линк