Насилството меѓу врсниците е значаен општествен проблем со сериозни последици врз младите, кои често се жртви на насилство во училиштата и нивната околина. Со оглед на зголемениот број случаи на врсничко насилство, клучно е да се преземат чекори за справување со оваа појава преку образовни и превентивни мерки.
Библиотеките играат витална улога во поддршката на заедницата и можат да придонесат во борбата против врсничкото насилство преку прикажување на театарска претстава во кои ќе учествуваат млади, овозможувајќи им да ги истражат и разберат последиците од насилството и важноста на емпатијата преку уметничка изразба.
Во проектот учествуваат учениците кои го посетуваат Едукативниот Центар Едусфера.
Претставата ќе се прикаже во месец септември 2024.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и транспорт на РС Македонија.
Оваа иницијатива не само што ги поттикнува младите да размислуваат критички за проблемот на насилството туку и ги охрабрува да станат активни учесници во создавање на побезбедна и попријателска средина.
Координатори на проектот:
Фатма Бајрам Аземовска, докторанд
Раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста
– м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски