Во рамки на нашиот Еразмус+ проект, започна вториот тренинг во Унгарија, кој се одржува од 4 до 13 август!
Оваа обука е наменета за развивање на вештини за раскажување приказни, со фокус на техники како невербална комуникација, користење на гласот и создавање атмосфера итн.
Проектот ги истакнува значајноста на усното пренесување на ромската култура и традиции, и промовира креативност и иновација во раскажувањето. Приказните од Роми, дел од книгата “СЈАЈНИ ЅВЕЗДИ – БАЈКИ РАСКАЖАНИ ОД РОМИ ОД ЕВРОПА,” ќе бидат презентирани низ 10 града по завршување на тренингот.
Со учество на Битолската библиотека и претставниците Јелена Петровска, Гордана Ѓорѓиевска Неделковски, Селина Исовска, Дерија Мефаиловска и Драган Јанкоски, овој проект ја промовира ромската културна традиција преку меѓународна соработка.
Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија и ќе придонесе за емпатија и разбирање меѓу различните култури.
Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.
Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а има за цел да ја промовира ромската култура и традиција преку приказни раскажани од Роми.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook