Втората работилница од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ имаше за цел да ги насочи учесниците кон паметна употреба на современа технологија и алатки за комуникација, читање, истражување, креирање медиумски содржини од различен карактер. Овој проект е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија и има за цел да ги насочи младите кон правилно и мудро користење на технологијата.
Ние како библиотекари секогаш се стремиме да ги насочиме децата да ја користат технологијата за истражувања, доживувања и стекнување нови знаење на забавен начин..
Оваа прекрасна работилница ја водеше наставничката Весела Богдановиќ.
Координаторите на проектот докторанд Фатма Бајрам Аземовски- библиотекар советник и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски- библиотекар.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook